Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовлечен законот против „бомбите“, ќе се решава понатаму

Повлечен законот против „бомбите“, ќе се решава понатаму

Пратениците Талат Џафери и Муковски го повлекоа предлог законот за забрана за објава на прислушкуваните разговори кој драстично ги вознемири новинарите во Македонија, а ги закочи и преговорите меѓу власта и опозицијата кои треба да дојдат до договор за изборните реформи.

piter van haute

„Сакам да ве информирам дека Талат Џафери го повлече законот од парламентот. Овој закон сега оди во парламентот, односно кај работните групи. Таму ќе разговараме и ќе дадеме нови предлози заедно со законот за „свиркачите“. Текстот треба биде доставен во парламентот пред 20 октомври“ – изјави Питер Ванхауте, олеснувач во преговорите.

sobranie

Всушност партиите треба да се договорат за носење на закон кој ќе ги заштити „свиркачите“ односно лицата од институции кои ќе проговорат јавно или пак, ќе откријат документи и докази за незаконско работење на функционери.

Законот против бомбите ќе се прочистува за да се заштити приватноста на лицата кои се дел од разговорите и не се предмет на јавен интерес, но одредбите против новинарите мора да се променат.