Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПовеќе нема дилеми, ова е новата мета на Мурињо!

Повеќе нема дилеми, ова е новата мета на Мурињо!

Доаѓањето на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед сигурно ќе значи и поголема веројатност за доведување на квалитетни фудбалери. Еден од таквите е и Габриел Хесус, 19-годишниот напаѓач на Палмериас кој важи за „чудо од дете“, како што го нарекуваат во својата татковина.

Ова момче има многу интересна клаузула во својот договор, односно само Баерн, Манчестер Јунајтед, Парис Сен Жермен и Реал Мадрид можат да го доведат за сума од 16.7 милиони фунти, додека останатите клубови ширум светот за неговите услуги ќе мора да издвојат сума од 27.4 милиони фунти.

Сепак, Јунајтед сака да заштеди, па испратиле понуда од 15 милиони фунти за Палмериас, тестирајќи го овој клуб дали уште сега се подготвени да го продадат овој фудбалер за нешто помала сума. Се чека одговор на Палмериас, но нема сомневање во тоа дека доколку навистина е желба на Мурињо може да биде донесен на „Олд Трафорд“.