Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоведена постапка против „Бобо Дајнерс“ – обвинителството бара да му се одземе пасошот

Поведена постапка против „Бобо Дајнерс“ – обвинителството бара да му се одземе пасошот

Јавното обвинителство, постапувајќи по пријава од МВР поведе постапка против Божидар Јанковски, управител на компанијата „Дајнерс клуб Македонија“ за злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 поднело и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: привремено одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање и обврска за повремено јавување во суд.

„Лицето се сомничи дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, како службено лице вршел закуп на станови на кој се јавува како приватен сопственик. При тоа, по вршење на закупот, просториите не биле користени од страна на друштвото што го управувал“, се вели во соопштението.

СДСМ во ваквата постапка гледа како обид да се дискредитира Радмила Шекеринска. За нив ова е доказ дека обвинителството работи по нарачка.

„Обвинителството на крајот на 2014 година потврди дека не постои основано сомнение за сторено кривично дела, а сега случајот се реактуелизира за да се оттргне вниманието на јавноста од скандалот со злосторничкото здружување на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ“ – реагира СДСМ.