Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоживотен затвор за обвинетите од „Диво насеље“, бара обвинителството

Доживотен затвор за обвинетите од „Диво насеље“, бара обвинителството

Да се одреди највисоката казна за обвинетите во случајот за настаните во кумановското Диво Насеље, е она што го побара обвинителството во своите заврши зборови на денешното судско рочиште. Одбраната, пак, завршните зборови ќе ги каже на следното.Кривичните дела за тероризам и терористичка организација им се ставаат на товар на вкупно 37 обвините во случајот.

Кој бил напаѓач, кој бил логистика и помагал групата илегално да премине од Косово во Македонија, кој го обезбедил оружјето, а кој храна, е дел од она што денес го објаснуваше обвинителство.

Дел од обвинетите, пак, се побунија, коментираа и дека тоа што го зборува обвинителот е невистина. Тие и нивните адвокати, побараа убид во завршните зборови, за на наредното рочиште да ги изнесат нивните.

Судењето за „Диво Насеље“ трае повеќе од една година, започна на 9 февруари лани, откако заврши неколкумесечната истрага. Обвинети се лицата кои учествуваа во престрелката со македонските безбедносни сили на 9 и 10 мај 2015 година, како и оние кои им биле логистичка поддршка.

Тогаш, во кумановската населба беа убиени осум полицајци, а 40-тина беа ранети.