Friday, May 17, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпанска Гранада го донесе за тренер поранешниот капитен на Арсенал

Шпанска Гранада го донесе за тренер поранешниот капитен на Арсенал

Фудбалскиот клуб Гранада го замени поранешен тренер Лукас Алкараз, а на негово место е поставен поранешниот Англиски интернационалец Тони Адамс.

snappa.static.pressassociation.ioassets201704121457291492005448-1fea6ba7dd0f5b441dd7a11361d3d585-1038x576-e29245b9788eeb6c151b33ba9c151852327237f3-620x390

 

Тони Адамс е поранешен капитен на Англија и Арсенал, а во клубот доаѓа во еден многу тежок момент затоа што Гранада се бори за опстанок и го зазема 19 место на табелата. Својот прв натпревар како тренер ќе биде против Селта дома во неделата. Адамс во текот на својата тренерска кариера го предводеше тимот на Портсмаут и Викомб. Адамс во неговата фудбалска кариера одигра 669 натпревари за Арсенал 1983-2002, и 14 години беше капитен на тимот. За англискиот национален тим одигра 66 натпревари.

Тони одма донесе две звучни имиња во Гранада, Нигел Рео-Кокер кој поголем дел од својата кариера го помина во Вест Хем па потоа 3 години играше бо МЛС лигата во САД. Како и Киран Ричардсон, поранешниот репрезентативец на Англија и Манчестер Јунајтед, двајцата играчи имат по 32 години и пристигнуваат како слободни играчи во тимот на Гранада.