Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПотполковникот Чонтев пронајден во бездна кај Катланово

Потполковникот Чонтев пронајден во бездна кај Катланово

robertino contev

Потполковникот Робертино Чонтев, припадник на Министерството за одбрана, вчера е пронајден во бездна покрај патот во близина на Катланово. Негови блиски кои десетина дена се обидуваа да добијат информации за неговото исчезнување го пронашле автомобилот „рено 9“ и безживотното тело во фаза на распаѓање. Телото е извлечено од страна на припадници на Единицата за специјални задачи.

Робертино Чонтев (45), вработен како потполковник во АРМ, се водеше за исчезнат од 24 јули, кога заминал од својот дом во 10 часот. Случајот во МВР го пријавила неговата сопруга.

Според мајката на Робертино, Милица Чонтева, тој заминал со автомобил марка „рено 9“, ист каков што е пронајден. Официјална потврда за идентитетот на починатиот маж засега нема, а одбукцијата треба да ја утврди причината за смртта.