Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПовредена скопјанка во страшна сообраќајна несреќа во близина на Катланово

Повредена скопјанка во страшна сообраќајна несреќа во близина на Катланово

Вчера во 14.06 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на локалниот пат Р’жаничино-Катланово се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил тојота, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т. (49) од Петровец-Скопје и комби фолксваген, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Ј. (25) од Илинден-Скопје.

Во незгодата возачот на автомобилот тојота, А.Т, се здобила со тешка телесна повреда, кои се констатирани во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.