Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоранешниот премиер на Молдавија осуден на 9 години затвор

Поранешниот премиер на Молдавија осуден на 9 години затвор

Поранешниот премиер на Молдавија Влад Филат вчера е осуден на девет години затвор под обвинение за земање поткуп и трговија со влијание. Покрај затворската казна судот во Кишинев пресуди конфискација на неговите сметки, недвижниот имот и автомобили.

Влад Филат ги негираше обвиненијата со тврдење дека тие се наметнати од политички мотиви. Оваа пресуда е поврзана со новодниот поткуп кој тој му го дал на градоначалникот Илан Шор. Шор беше уапсен на 24 јуни под сомнение за перење пари, поврзани со исчезнувањето на една милијарда долари од три молдавски банки во 2014 година. Филат беше премиер на Молдавија од 2009 до 2013 година. Тој беше уапсен во октомври под друго обвинение, кое се уште не е стигнато пред судот