Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоранешниот премиер и претседател на Албанија Сали Бериша повика на „мирна револуција“

Поранешниот премиер и претседател на Албанија Сали Бериша повика на „мирна револуција“

Дописник на МИА од Тирана јави дека по повикот, од собраниската сала, албанските граѓани да се вооружат за да се одбранат од Владата, која ја нарече криминална организација, поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша доцна попладнево повика на „мирна револуција“.

Бериша изјави дека ги повикува сите граѓани на демократска револуција, преку мирни средства што побрзо да се отстранар и да се однесат во заслуженото место ,во корпата на отпадоци на историјата.

Тој повторно го обвини актуелениот премиер Еди Рама и министерот за внатрешни работи Саимир Тахири за поврзаност со криминалци, а претходно, Бериша граѓаните ги повика на самоодбрана.

„Ги повикувам граѓаните да се вооружат за самоодбрана и нивна безбедност. Доколку вие и се заканувате на опозицијата со криминалци, граѓаните се подготвени да ви се спротивстават со оружје. Се вооружуваат Американците, се вооружуваат сите граѓани. Со оваа криминална органзиација на власт нема безбедност, ред и мир“, кажа претходно Бериша.

По првата изјава албанскот прв полицаец од Обвинителството побара да поведе истрага, додека пратеничката група на владејачките социјалисти собраа потписи и доставија барање до Претседателството на Парламентот за отповикување на Бериша од функцијата пратеник.

Инаку, Бериша беше шеф на албанската држава од 1992 до 1997 година, кога на самот почеток на неговиот втор мандат беше принуден да се повлече по масовните пролетни немири во земјата. Премиер беше во два мандата. По поразот на неговите демократи на изборите во 2013 тој се повлече и од лидерската функџија во Демократската партија на која беше две децении.