Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПоранешната сопруга на Џони Деп парите од разводот ќе ги даде во добротворни цели

Поранешната сопруга на Џони Деп парите од разводот ќе ги даде во добротворни цели

Актерката Амбер Херд ќе донира седум милиони долари- сума која ја добила после разводот од холивудската ѕвезда актерот Џони Деп- во хуманитарни цели, надевајќи се дека на тој начин „ќе им помогне на оние кои не можат да се одбранат сами“. Парите планира да ги поклони на здружението за борба против насилство над жените American Civil „Liberties Union“ и на детската болница во Лос Анџелес.

Нешто порано оваа година Херд го обвини Деп за физички напад, што актерот јавно го негираше. Адвокатот на Деп тврдеше дека Херд намерно го обвинувала актерот за насилство, со цел да добие поволно решение на судот. Парот за време на разводот истакна дека нивниот однос од секогаш бил „многу страствен и понекогаш нестабилен, но секогаш полн со љубов.

Во изјавата Амбер истакна дека парите не играле никаква улога, освен да се донираат во хуманитарни цели и на тој начин да им се пмогне на многу луѓе.