Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПоранешната грчка амбасадорка во Македонија ќе биде шефица на ЕУЛЕКС во Косово

Поранешната грчка амбасадорка во Македонија ќе биде шефица на ЕУЛЕКС во Косово

Поранешната амбасадорка на Грција во Македонија, Александра Пападопулу, која падна во немилост на министерот Никос Коѕиас поради недоразбирања околу политиката кон Македонија, ќе биде нов шеф на Мисијата на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС. Таа ќе ја преземе функцијата на први септември, за да им помогне на властите на Косово околу владеењето на правото, правосудството, полицијата и царината.

Според грчките медиуми, ова е личен успех на Пападопулу која беше постојан претставник на Грција во ЕУ само една година, бидејќи во октомври лани доби итна „прекоманда“ од Брисел да замине во амбасадата во Монтевидео, Уругвај. Таа е родена во Атина во 1957 година. Дипломирала право и политички науки на Универзитетот во Атина, а магистрирала меѓунаордни односи во Пенсилванија. Кариерата ја почнала како аташе во рамките на грчкото Министертво за надворешни работи во 1981 година.

Првпат грчки дипломат е на чело на Мисијата на ЕУ во Косово, а особоено е интересно што Грција не е меѓу земјите што го признаваат Косово во моментов.