Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПопладне спремете се за влошување на времето

Попладне спремете се за влошување на времето

Метеоролозите предвидуваат дека денес попладне ќе дојде до влошување на временските прилики кога ќе дојде до пообилни врнежи на дожд, а ќе има и грмотевици во западните и северните делови од републиката со намалување на температурите до 15-на степени. Во Скопје не очекува слично време, температурата ќе достигне до 19 Целзиусови степени, а постојат и услови за врнежи, па затоа чадорот нека биде до вас.