Friday, May 3, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПомогнете им на лицата со оштетен вид преку Be my eyes

Помогнете им на лицата со оштетен вид преку Be my eyes


Be My Eyes
апликацијата е направена така што луѓето што добро гледаат им помагаат на луѓето што имаат слаб вид или воопшто не гледаат. После инсталирањето на истата, корисниците бираат дали им е потребна помош или истата ја пружаат. 350.607 лица се пријавени за да пружаат помош, додека истата им е потребна на 26.716 луѓе.
Целиот процес се одвива преку видео повици. Апликацијата ќе ве извести кога на некоја слепа личност и е потребна помош, по што ќе се воспостави видео врска и таа ќе ве праша за помош за да и прочитате нешто или да ја спроведете до одредено место од домот. Се разбира, доколку сте зафатени во моментот кога на некој му е потребна помош, едноставно може да го игнорирате повикот и некој друг ќе се јави место вас.
IFrame
Во моментот Be My Eyes е достапна само за iOS платформата, а наскоро ќе се појави и за Android, која бесплатно може да ја преземете овде.

Извор: telefoni.mk