Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТестирајте го вашиот патриотизам или предавништво преку Македономер

Тестирајте го вашиот патриотизам или предавништво преку Македономер

На социјалните мрежи се шират добиените резултати од пародичната веб апликација наречена Македономер која го „Македонлукот“. Идејата е да се исмее актуелната политичка криза со жесток говор на омраза кој врши поделба на патриоти и предавници, па така и самите корисници добиените резултати ги споделуваат на Фејсбук со пријателите. Некои добиваат кодош, удбаш, соросоид, а тие со повеќе освоени краци просечен менаџер во администрација, антички тврдокорен Македонец, се до врвот Цар Убермакедон.

Единствена забелешка е што резултатите се произволни, а не се добиваат на пример со внесување на одговори за чуството на патриотизам. Секако, Македономер служи за забава, но и за покажување на суровата реалност на тотална поделеност во македонското општество на наводни патриоти и предавници на сите кои размислуваат критички кон одредена партија. Тестирајте се и пишете ни какви резултати добивте.