Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПомирувачи ќе решаваат проблеми меѓу газди и вработени

Помирувачи ќе решаваат проблеми меѓу газди и вработени

Министерството за труд и социјална политика најави посериозен пристап во спроведување на Законот за мирно решавање на работните спорови со ангажирање на помирувачи и арбитри кои ќе треба да ги решаваат проблемите меѓу газдите и вработени со цел да се подобри социјалниот дијалог. Новиот проект е поттикнат од Меѓународната организација на трудот и е финансиски поддржан од ЕУ. Досега се регистрирани 16 арбитри чии услуги може да се активираат во било каков правен спор во работните односи, а министерството предвидува и формирање на регистар и електронски систем на управување со слуачите.