Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПолициски сили два дена го обезбедуваат центарот на Белград

Полициски сили два дена го обезбедуваат центарот на Белград

Засилени полициски сили се присутни утрово во центарот на Белград. Се обезбедуваат зградата на Владата, Претседателстсвото и Народното Собрание иако сите собири кои за денес беа најавени во Белград се забранети со одлука на Министерството за внатрешни работи. Пред Собранието пристигна и лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ.
paljenje-svecaСиноќа пак, активисти од невладините организации, меѓу кои и “седум илјади”, но и неорганизирани граѓани палеа свеќи во Пионерскиот парк во Белград за да им оддадат почит на жртвите на злосторствата во Сребреница направени пред 20 години. Во делот на паркот кон улицата „Крал Милан” активистите на НВО покрај запалените свеќи симболично оставаа и ливчиња со броеви.

Собирот го обезбедуваа силни полициски сили, бидејќи од другата страна на паркот се појавија симпатизери на десничарските организации. Следбениците на десничарските организации пееја четнички песни, им скандираа на хашките обвинети Ратко Младиќ и Радован Караџиќ и носеа транспарент на кој пишува „Србите се жртви на геноцид”. Меѓу нив, секако, беше и лидерот на радикалите Воислав Шешељ.