Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата ќе стави крај на дивите трки на скопските улици

Полицијата ќе стави крај на дивите трки на скопските улици

СВР Скопје започна со реализација на посебниот план за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на главниот град, преку засилени и интензивни сообраќајни контроли, со посебен фокус кон помладите категории возачи, како и возачите на моторцикли.Полицијата сака да стави крај и на „дивите трки“ на улиците во Градот.

Како што нагласи Билјана Милевска, начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје, на вчерашната промоција на новите оперативни мерки во областа на сообраќајот, на подрачјето на СВР Скопје во последниот период стана се позабележителна појавата на поголем број на возачи на моторцикли, кои се движат со голема брзина и при тоа создаваат голема бучава, со што го нарушуваат јавниот ред и мир и спокојството на граѓаните, но и прописите од областа на сообраќајот.