Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПолицаецот кој го уби Далибор Илиевски од Свети Николе доби затвор од 3 години

Полицаецот кој го уби Далибор Илиевски од Свети Николе доби затвор од 3 години

Полицаецот од Свети Николе со име Бранко Петков е осуден на три години затвор за извршеното убиство поради сопствена одбрана. Казната ја добил поради пукање во 30 годишниот Далибор Илиевски, каде што ги заработил 3-те години затвор. Кривичниот совет на штипскиот основен суд денеска ја донесе пресудата во присуство на роднините на обвинетиот Петков и на убиениот Далибор Илиевски. Сопругата и мајката шокирани ја примија пресудата и изревотирани со плач раскажуваат дека нема правда.

Незгодата се случила на 22 септември минатата година на улицата „Маршал Тито“ во Свети Николе. Причината за убиството била расправа помеѓу нив двајцата, кога Илиевски не сакал да ги даде документите за легитимација. Убиениот ја зголемил брзината, а воедно полицаецот паднал на земја. Далибор Илиевски дури два пати се враќал во намера да го прегази полицаецот, а Петков пукал во него во незгодна-полуседечка положба. Димче Поцков кој е бранител на полицаецот Петков, вели дека судот донел правилна одлука според доказите и причината за тој немилосрден настан.

Инаку, судот донесе одлука каде што притворот на полицаецот Бранко Петков да биде укинат, а тоа значи дека тој ќе може да се брани од слобода. Семејството на убиениот незадоволно. Тие најавија дека денешната пресуда е нереално и додадоа дека ќе се жалат и ќе бараат правда од Апелацискиот суд.