Wednesday, May 8, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПогледнете го најновиот трејлер за „Justice League“! (ВИДЕО)

Погледнете го најновиот трејлер за „Justice League“! (ВИДЕО)

Филмското студио „Warner Bros“ го објави првиот официјален трејлер за Justice League, долго очекуваниот блокбастер на DC Comics, кој пристигнува во кино салите оваа година.Со нови снимки, нов поглед на ликовите, Justice League трејлерот ни дозволува да „ѕирнеме“ во акцијата и односите кои ликовите ќе ги имаат во најновото дело на Зек Снајдер. Дејствието на Justice League ќе се случува неколку месеци по настаните од Batman v Superman, а како главни непријатели на „тимот“ предводен од Брус Вејн (Бен Афлек) ќе бидат Steppenwolf (Сиаран Хиндс) и групата Parademons.

Покрај Бен Афлек во останатите улоги ќе ги видиме и Гал Гадот, Џејсон Момоа, Хенри Кавил, Езра Милер, Реј Фишер, Вилем Дефо, Џеси Ејсенберг, Ејми Адамс, Дајан Лејн, Џереми Ајронс, Џеј Кеј Симонс, Били Крудуп и Амбер Херд.