HomeРЕФЛЕКТОРФилмПрви слики од снимањето на Batman v Superman

Први слики од снимањето на Batman v Superman

Зак Снајдер режисерот на Batman v Superman: Dawn of justice ги објави првите слики од снимањето на филмот кои откриваат неколку сцени во кои ги гледаме Бен Афлек и Гал Гадот кои ги играат Batman и Wonder Woman, како и од Џеси Ајзенберг кој ќе го толкува негативецот Лекс Лутор.

batmansuperman3-large

Претходно беше објавен првиот тизер од кој се открива дека Batman и Superman ќе имаат голем судир исто како во легендарниот стрип The Dark Night Returns. Ова е продолжение на хитот Man of Steel и овој пат ќе видиме еден поинаков Superman кој дел од луѓето го доживуваат како бог, а други сметаат дека е закана за човештвото.

bvs_photos_3

Batman v Superman ќе биде вовед и за најавениот филмски спектакл Justice League каде ќе ги видиме на едно место сите херои од DC универзумот. Премиерата на Batman v Superman е закажана за 25 март 2016, па со нетрпение очекуваме да се појави и официјалниот трејлер кој ќе ни прикаже многу повеќе детали за хероите кои за прв пат ќе се судрат на големото платно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com