Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПогба на прегледи, ова се петте кандидати за негова замена во Јувентус!

Погба на прегледи, ова се петте кандидати за негова замена во Јувентус!

Пол Погба пристигна во Лос Анџелес, таму би требало да ги помине медицинските прегледи, Јувентус и Јунајтед се договорија, па Французинот набргу ќе им се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја. Веќе се знае дека ќе го носи бројот 6, а Јуве веќе преговара околу потенцијалните замени.

Голема желба на Алегри беше Немања Матиќ, но од тоа нема ништо. Конте не сака да се откаже од Србино, па тој трансфер нема да се оствари, иако кружеа шпекулации дека Матиќ сакал преселба во Торино. Најблиску до Јувентус е Аксел Витсел, со него постои договор, но Јуве е далеку од 30 милиони колку што Евертон му понуди на Зенит.

На Белгијанецот му истекува договорот следната сезона, последната понуда на Јувентус беше 15 милиони плус бонуси, но Русите одбиваат такво сценарио па ќе видиме како ќе се заврши. Најтешка мета е Матуиди, сите се согласуваат дека тоа би бил одличен потег, но проблем е цената, ПСЖ бара дури 40 милиони евра. Двата клуба не се во добри односи, Јуве одбива да ја плати бараната сума, иако францускиот репрезентативец би можел да биде идеално решение за нивниот среден ред.

Марсело Борозовиќ од Интер може да игра на повеќе позиции во средниот ред, истото важи и за Ектор Ерера, капитенот на Порто. Тие се универзални играчи и одлично би се вклопиле. Проблемот со Хрватот е што Интер тешко би му продал фудбалер на Јувентус, дури и за 30 милиони евра, колку наводно Јуве бил подготвен да плати. Што се однесува до Мексиканецот тој е желба и на Наполи, беше понуден на Јувентус, цената му е околу 25 милиони евра, но не е високо на оваа листа.

И за крај Матео Ковачиќ. Реал е подговотен да го пушти на позајмица, но Јувентус повторно би ја поминал ситуацијата со Мората и тој да биде вратен во топ форма во Реал за една или две сезони. Сепак, останува да видиме што ќе се случи, можеби ќе има и некоја нова мета во средината или во нападот каде Габриел Барбоса е прва опција.