Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗагрижени демократи бараат резерва за „болната“ Хилари

Загрижени демократи бараат резерва за „болната“ Хилари

Претседателската кандидатка Хилари Клинтон покрај проблемите со Доналд Трамп кој изрази сомнежи дека нема енергија за кампањата, сега има проблеми и со својата Демократска партија чии угледни членови размислуваат превентивно да се постави резерва доколку нејзините здраствени проблеми се влошат или доколку истражните органи поднесат обвинение за неосовенсо постапување со мејл комуникацијата додека беше Државен секретар на САД.

Денеска Хилари Клинтон соопшти дека се чуствува многу подобро по неодамнешното колабирање на настан за одбележување на терористичките напади на 11 септември во Њујорк. Таа со нетрпение чека да се врати на кампањата и да се соочи со противникот Трамп со кого за две недели ќе ја има првата претседателска ТВ дебата.