Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПодгответе се добро: Вечерва започнува Европското првенство во Франција!

Подгответе се добро: Вечерва започнува Европското првенство во Франција!

Европското првенство во фудбал започнува вечерва со натпревар меѓу домаќинот Франција и Романија во 21:00 часот. Петнаесетото издание на Европското првенство ќе се одигра во Франција, а ќе трае еден месец и за прв пат во историјата во него ќе учествуваат 24 екипи.

Европско првенство-Групна фаза

Натпреварите ќе бидат одиграни на десет стадиони (Лион, Лил, Париз, Бордо, Сент Етјен, Ница, Ланс, Тулуз, Марсеј и Сен Дени), ќе биде одигран и рекорден број од 51 натпревари, а се очекува да бидат преземени и големи мерки на безбедност за време на натпреварите.

Стадион Франција

За најголем фаворит за освојување на ова првенство се смета Франција, иако веднаш зад нив се наоѓаат и светските прваци Германија, како и Шпанија, а не смеат да бидат исклучени ниту репрезентациите на Италија, Белгија, Чешка и Англија. Наградниот фонд никогаш поголем, доколку победникот ги добие сите натпревари ќе освои неверојатни 27 милиони евра. Се на се, не очекува вистински спектакл и нешто што долго ќе се памети во фудбалските кругови.

Стадион Франција 2