Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПодготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите, му соопшти Заев на Тимоние

Подготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите, му соопшти Заев на Тимоние

Премиерот Зоран Заев денеска со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние разговарале за приоритетите на новата Влада, како и отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

– Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и евроатлантските интеграции на Македонија – рече Заев.

Заев изразил очекување дека посветеноста на Владата кон реформите ќе биде охрабрување за сите граѓани, за бизнис секторот во Македонија, за странските инвеститори, да вложуваат во Македонија со своите капацитети и со своето знаење, со што ќе придонесат кон развојот на економијата во Македонија.

– Стратешки определби на Република Македонија се Европската Унија и НАТО и јас како премиер и новата Влада сме подготвени да работиме посветено и темелно на европската агенда којашто ќе го отвори патот за развој Република Македонија – рече Заев.