Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочнаа демонстрациите за поддршка на СЈО

Почнаа демонстрациите за поддршка на СЈО

Граѓаните почнаа да се собираат пред канцелариите на СЈО за да искажат поддршка на ова обвинителство, откако претседателот, Ѓорѓе Иванов ги помилува сите осомничени за аферата со прислушкувани разговори не оставајќи простор, правниот систем да ја извади вистината на виделина.
protest sjo 1

Граѓаните веднаш се активираа на социјалните мрежи и експресно закажаа протест кој од седиштето на СЈО ќе продолжи кон канцеларијата на претседателот на Република Македонија. Слоганот на овие демонстрации, како и на сите претходни граѓански акции е „Нема правда, нема мир“.
protest sjo 2