Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПочина радиската и клупска легенда диџеј Бабура

Почина радиската и клупска легенда диџеј Бабура

Денес по кратко боледување почина Љупчо Петровски или на сите познат како Диџеј Бабура. Тој во изминатите триесетина години беше активен во многу македонски радија, почнувајќи во Уно, Мега, Антена 5 и последно како косопственик во Сити Радио.

ДЏ Бабура ќе го паметиме по одличните настапи на клупската сцена во Македонија низ многу познати клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, некогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум.

Диџеј Бабура беше еден од нашите најдобри радио деџеи, пионер во поставување на електронската сцена и вистински миленик на публиката со фантастични сетови и ремикси.