Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометПобеда на младинците против Фарски Острови – Македонија слави

Победа на младинците против Фарски Острови – Македонија слави

 

Македонската репрезентација за ракометари до 20 години славеше победа со резултат 21:17 против Фарски Острови на квалификацискиот турнир за ЕП во Шафхаузен.

Во првото полувреме силите беа израмнети, поточно резултатот беше 8:8. Но подоцна, во 40 тата минута Македонците покажаа колку вредат и направија солиден резултат. На крајот натпреварот заврши 4 гола плус за Македонија.

Инаку, по поразот од Швајцарија на стартот, „црвено-жолтите“ денес ќе играат со Црна Гора во дуелот за второто место, кое носи на завршницата во Данска.