Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо разрешувањето на Зврлевски, Собранието денеска одмара

По разрешувањето на Зврлевски, Собранието денеска одмара

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, пишува „Мета“.

Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“.

Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час, во кој со 64 гласа „за“, и без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во пленарната сала, го разрешија Зврлевски.

Расправата по останатите точки од дневниот ред на трите седници, претседателот на Собранието ги одложи, поради немање на услови за расправа, а нивното продолжение, рече, ќе го закаже дополнително.