Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо нападот Села ќе се лекува во странство

По нападот Села ќе се лекува во странство

Арбен Таравари, секретар на Алијанса за Албанците, на својот профил на Фејсбук напиша дека партискиот лидер Зијадин Села се очекува да отпатува надвор од Македонија на дополнителни анализи и најверојатно ќе остане таму одреден период се до негово конечно опоравување.

Тој информира дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но сепак потребни се уште некои дополнителни анализи и мали интервенци до целосно заздравување и враќање на политичката сцена.