Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисПласман во финалето во Пекинг за поголема самодоверба на Шпанецот

Пласман во финалето во Пекинг за поголема самодоверба на Шпанецот

Мастерс турнирот во Пекинг го доби првиот финалист – Рафаел Надал утринава го совлада Фабио Фонињи со 2:0 во сетови (7:5 и 6:3), со што успеа да се пласира до самиот финиш на големите натпреварувања за прв пат по турнирот во Мајами од 2014-та година.

За неколку часа ќе се дознае и вториот финалист од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер. Вкупниот награден фонд во Пекинг е 3,944 милиони долари од кои за победникот одат 654.725 долари и 500 АТП поени а за поразениот во финалето – 295.180 долар и 300 поени.