Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈПовторно скандал: Одземено златото на руската штафета од Пекинг

Повторно скандал: Одземено златото на руската штафета од Пекинг

На руската атлетска штафета 4х100 метри одземен ѝ е златниот медал од Олимписките игри во Пекинг 2008 година, бидејќи атлетичарката Јулија Чермошанскаја била допингувана, објави Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Одлуката стапува во сила веднаш, бидејќи по два теста кај неа потврдено е присуство на забранетите супстаци станозол и туринабол.

Поради суспензијата, покрај Чермошанскаја златните медали мораат да ги вратат Евгенија Полијакова, Александра Федорина и Јулија Гушина.

Сега златото ќе му припаѓа на штафетата на Белгија, среброто е на Нигерија, а бронзата за Бразил.

МИА