Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПирс на средба со Талат Џафери и лидери на парламентарното мнозинство

Пирс на средба со Талат Џафери и лидери на парламентарното мнозинство

Политичкиот директор при министерството за надворешни работи на Обединетото кралство Карен Пирс, во собранието на Република Македонија се сретна со новиот спикер на парламентот, Талат Џафери.

Веднаш по оваа средба, таа ќе одржи заеднички состанок со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство: Зоран Заев, Али Ахмети, Весел Демеди и Билал Касани.

Од нејзиниот тим беше речено дека побарале да се сретнат и со претставник на ВМРО ДПМНЕ, но не добиле потврден одговор. Инаку, британскиот дипломат дојде во посета на земјата, откако претходно ги посетила Белград и Приштина.