Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПет години затвор за обвинетите од случајот „Ќелија“

Пет години затвор за обвинетите од случајот „Ќелија“

Уште петмина обвинети во случајот Ќелија Иса Фуга, Абдула Абдуљаи, Ерол Рустеми, Мухамед Имери и Стeфан Стефановски, денеска пред судскиот совет на скоpска единица се изјаснија дека се виновни и ја признаа вината за кривичните дела за кои се обвинети во случајот во јавноста познат како „Ќелија“.

download

Во февруари годинава, Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против 11 лица за предметот. Обвинетите се теретеа за „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

kelija_4_0

Акцијата „Ќелија“ се одвиваше во повеќе градови низ Македонија. Беше спроведена на почетокот на август минатата година кога беа уапсени девет лица – поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации, а во продолжението на истрагата беа уапсени уште две лица.

Во претходните процеси на „Ќелија“ шестмина по брза постапка ги признаа делата и беа осудени.