Флавија Пенета стави крај на тениската кариера
Флавија Пенета стави крај на активната кариера, откако денеска загуби од Марија Шарапова со 2:0 во сетови (7:5, 6:1) на завршниот ВТА турнир во Сингапур. Италијанката имаше сили за достоен отпор само во првиот сет, додека во вториот сет Шарапова целосно доминираше.
Италијанката, пред неполни два месеца ја освои својата прва Грен Слем титула на УС Опен и тогаш најави дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на активната тениска кариера.