Sunday, Apr 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометЛегендарниот Тиери Омејер и Даниел Нарцис ги завршија репрезентативните кариери

Легендарниот Тиери Омејер и Даниел Нарцис ги завршија репрезентативните кариери

Легендарниот голман Тиери Омејер и левиот бек Даниел Нарцис, изјавија денеска официјално “збогум” на националниот тим на Франција.

По Олимписките игри во Рио де Жанеиро минатата година, и двајцата најавија дека ќе играт на уште едно Светско првенство кое се одржа на почетокот на оваа година по освојувањето на златото не можеше да биде подобар начин да се каже збогум на ракометниот дрес со државниот грб.

Тиери Омејер 40 годишниот, веројатно и најдобриот голман на сите времиња, играше за репрезентацијата од 1999 година и освои три медали од Олимписките игри, два златни и еден сребрен, пет светски шампион титули и три европски титули. Во 356 натпревари постигна 4 гола.

Даниел Нарцис 37 годишен во францускиот тим дојде една година покасно од Омејер , и има настапувано 309 натпревари и постигна 912 гола. Тој освои исто медали како Омејер но еден помалку, светското злато во 2011 година.