Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПатот Велес – Кадрифаково се уште се гради – Мисајловски на увид

Патот Велес – Кадрифаково се уште се гради – Мисајловски на увид

Изградбата на патот Велес – Кадрифаково се очекуваше да финишира до крајот на оваа година, но според најновите информации тој рок може да биде одложен за неколку месеци и автопатот да биде завршен дури во април наредната година.

vlado misajlovski

Денеска Владо Мисајловски министерот за транспорт и врски изврши увид во градежните работи на делницата Велес – Кадрифаково и темпото на градење, па за Канал 77 изјави дека изградбата е поместена поради обилните дождови и мокриот терен. Инаку овој брз пат во должина од 11 километри ќе чини околу 15 милиони денари, а се работи и на нов автопат од Скопје до Штип.