Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПастрмајлијада на ниво – изедени 15.000 пастрмајлии за два дена

Пастрмајлијада на ниво – изедени 15.000 пастрмајлии за два дена

За само два дена во Штип се изедени повеќе од 15.000 пастрамајлии, соопштија организаторите на осмото издание на манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“, кои се прилични задоволни од посетеноста на овогодинешната манифестација.


„Локалите се полни, а во текот на изминатите два дена се изедени околу 15.000 пастрамајлии, со што се очекува и да се урне минатогодишниот рекорд, којшто изнесуваше околу 100.000 пастрамајлии“, вели Кирил Панајотов, еден од организаторите.


Традиционално се одржа и натпреварот во брзо јадење на пастрмајлија, каде што Борче Митев за само 4 минути успеа да го вкуси својот деликатес. Средношколецот Јован Миланов беше најбрзиот келнер во денешната трка на келнери, кој за само 12 секунди на гостите може да им послужи пастрамајлија и вино.