Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартијата на Амди Бајрам му врти грб на Груевски?

Партијата на Амди Бајрам му врти грб на Груевски?

Претседателството на општинскиот огранок на Сојузот на Ромите од Куманово, на денешната прес-конференција информираше дека на локално ниво се повлекува од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Претседателот на општинската организација, Ашмет Османовски, вели дека причина за повлекување од коалицијата е несогласувањето на локалното претседателство со изборот и одлуката донесена на централно ниво за избор на член на кандидатската листа за престојните локални избори.

– Општинскиот огранок на Сојузот на Роми, од денеска, не знаеме до кога, нема да функционира во општина Куманово, затоа што целото претседателство си поднесе оставка. Воедно, ги известуваме граѓаните и другите политички субјекти во општина Куманово, дека на овие избори тимот, односно ова претседателство нема да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како што беше досега. Причината е тоа што централното претседателство, нашиот досегашен лидер Амди Бајрам и поранешниот заменик министер Ибрахим Ибрахими, без никакви консултации и контакти со нас делегираат човек на листата на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, кој ова претседателство не може да го му даде никаква поддршка на овие избори“, изјави Османовски.

Тој побара разбирање од нивните активности и членови за оваа одлука.