Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите и Џафери утре ќе решаваат за локалните избори

Партиите и Џафери утре ќе решаваат за локалните избори

Во кабинетот на новиот претседател на Собранието Талат Џафери утре ќе се одржи состанок на претставниците на пратеничките групи за договор околу завршувањето на мандатот на локалната власт и распишување на локалните избори, пишува „МКД“.

Собранието најпрво би требало да одржи седница на која ќе се донесат измени на Изборниот закон, за да се овозможи продолжување на мандатот на градоначалниците и на советниците, а потоа и договор за датум за локалните избори.

Вчера во Собранието се одржа неформална, консултативна средба на претставници на парламентарните партии за која нема никакви официјални информации како завршила.

Мандатот на градоначалниците и советниците истекува утре.

ВМРО-ДПМНЕ во официјално соопштение кажаа дека си тие за локални избори во јули, септември или октомври. СДСМ, пак, вели дека прво претседателот Ѓорге Иванов мора да му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, да се формира владата, па дури потоа да се оди на локални избори.