Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПарализирана Танзанијка пишува текстови со јазик

Парализирана Танзанијка пишува текстови со јазик

Танзанијката Ванкота Капунда по преживеаната сообраќајна несреќа пред четири години, останала целосно парализирана и единствено што може да движи е главата.

Но, тоа не ја обесхрабрило оваа 25-годишна жителка на островот Занзибар, па таа, иако е врзана за инвалидската количка, не се откажува од својот сон да стане сценарист.

За таа цел, како што јави Би-Би-Си, Капунда развила сопствена техника на пишување на таблет и мобилен телефон со помош на јазикот.

Во напорите за остварувањето на нејзиниот сон, Капунда од неодамна дури почнала и да посетува часови за пишување текстови.