Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиПамела Андерсон ќе биде последна „зајачица“ на Плејбој

Памела Андерсон ќе биде последна „зајачица“ на Плејбој

Магазинот за возрасни Плејбој одлучи Памела Андерсон како една од најпознатите старлети кои некогаш се сликала за нив да биде последна на насловната страница по менување на политиката со која повеќе нема да се поставуваат слики од разголени жени. Провокативната убавица за прв пат ги красеше насловните страни на Плејбој во 1989 година по што нејзината кариера како старлета и актерка експлодираше, а јавноста беше опседната со облините на Памела. Последната „гола“ насловна на Плејбој ќе биде објавена на 11 декември.