Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Овде не делиме сендвичи, туку мир, достоинство и чест„

„Овде не делиме сендвичи, туку мир, достоинство и чест„

„Мафија на робија“ е главната порака на демонстрантите. Тие ги извикуваат имињата на Јанкуловска, Мијалков и сите нивни соработници. Велат дека за разлика од партискиот контрапротест, овде не делиме сендвичи, туку мир, достоинство и чест. Исто така, демонстрантите рекоа дека протестираат за целиот народ, а полицијата се грижи само за банда од 30 луѓе кои не уништуваат. Се осврнаа и на Скопје 2014 и рекоа дека власта го уништи градот со наши пари.

Повторно можат да се забележат и македонското и албанското знаме кои симболизираат здружување на целиот граѓански сектор против диктаторската власт. Демонстрантите се упатија накај Влада.