Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамОва се колите на кои жените најмногу се палат

Ова се колите на кои жените најмногу се палат

Пред да помислите дека ова е статија за „спонзоруши“ кои се „палат“ на скапи коли да објасниме дека пишуваме за колите по кои жените полудуваат и сакаат да ги купат и возат, слично како што мажите се палат на одредени брендови и модели. Според анкетата на потрошувачите во САД за прв пат е направена поделба меѓу половите за да се види што проаѓа кај жените, а што кај мажите.

Tesla Model s

Резултатите велат дека мажите сакаат повеќе моќни и престижни коли како Porsche, Corvette и разновидни теренци, а мразат слаби хибриди како Prius, додека пак жените повеќе обрнуваат внимание на колите со мала потрушувачка кои се доволно моќни, безбедни и ефикасни, а може да послужат на целото семејство.

 

Единствен модел кој е подеднакво популарен меѓу сите е хибридниот електромобил Tesla Model S, а најмалку омилена кола е Nissan Sentra. Во топ 5 омилени автомобили на жените влегуваат Tesla Model S, Toyota Prius, Mercedes-Benz E-Class sedan (V6), Subaru Forester и Chevrolet Volt.