Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОтворена клиника за одвикнување од „Фејсбук“

Отворена клиника за одвикнување од „Фејсбук“

Поради страв дека на корисниците на „Фејсбук“ може да и биде извршено „перење на мозоци“ од страна на екстремистите на Исламската држава, во Алжир е отворена клиника за зависници од оваа социјална мрежа. Приватната клиника за борба против зависност од „Фејсбук“ е отворена во градот Константин. Во Алжир постојат десет милиони корисници на оваа популарна социјална друштвена мрежа, а нивниот број годишно расте за десет отсто.

Директорот на клиниката, научникот Раоф Бокаф, изјави дека стравува дека загрозените корисници на „Фејсбук“ можат да станат мета на исламистите кои користат странци како алатка за вработување. Сесиите за советување се достапни за „пациенти“ кои би можеле да паднат под влијание на исламисти на таа социјална мрежа. Според зборовите на Бокаф, овој тим ќе се занимава и со ззависници од дрога, цигари и алкохол.