Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАлжир има нов селектор!

Алжир има нов селектор!

Фудбалската федерација на Алжир го назначи за нов селектор шпанскиот тренер Лукас Алкарас, кој ќе има тешка задача да ја врати оваа репрезентација на вистинска патека и да ја однесе на Светското првенство по освојувањето на само еден бод во првите две квалификациски натпревари.

download

Алкарас пред неколку дена беше разрешен од позицијата тренер на шпанската Гранада. Досега во својата кариера беше тренер на шпанскиот клуб Гранада (три пати се враќаше во овој клуб), Алмерија, Хуелва, Сантандер, Мурсија, Леванте, Елче и во грчки Арис.

Тимовите од Шпанија, прва и втора лига ги водеше на 755 натпревари, што го прави осмиот тренер во историјата на шпанскиот фудбал. Тој на селекторското место во Алжир ќе го наследи белгиецот Жорж Кекенс.