Sunday, Apr 30, 2017
HomeАНТИСТРЕСЖуркиОтворен повикот за учество на ,,Бела ноќ 2015”

Отворен повикот за учество на ,,Бела ноќ 2015”

Бела ноќ 2

Mладински културен центар отвори повик за учество на ,,Бела ноќ 2015” година која ќе се одржи на 3 октомври.

На „Бела ноќ“ ќе бидат опфатени визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео-арт, стрип, кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации), музика, филм и јавна уметност и урбаниперфорамнси.

BELA NOK 1

Квалитетот и иновативноста на предложените дела ќе биде главен критериум на организаторите кои ќе направат селекција на пријавените.

Почитувајќи ја  слободата на творците, ,,Бела ноќ” ги дозволува сите уметнички форми

Апликациите со дополнителните документи треба да бидат пратени на адресата: Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2015), Кеј „Димитар Влахов“ 15. 1000 Скопје, или на електронската адреса:contact@belanok.mk.. Повикот е отворен до 1 јули.