Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТГејмингОткриен најдобриот играч на Pokemon Go во светот, трошел по 8 часа двенвно

Откриен најдобриот играч на Pokemon Go во светот, трошел по 8 часа двенвно

Pokemon GO пандемијата предизвика големи скандали, сообраќаен метеж, хоспитализирани луѓе и смртни случаи, но има и многу позитивни примери кои ја прикажуваат убавата страна на играта и ангажираноста. Ник Џонсон од Бруклин е најдобриот играч на светот откако се пофали на својот Reddit профил дека ги уловил сите 142 Покемони во САД.

Некои од Покемоните се тајни, а некои може да се уловат само на специфични места. Ник играл Pokemon GO по 8 часа секој ден после работата. Апликацијата за здравје Health App на неговиот iPhone пресметала дека просечно се движел по 13 километри секој ден откако ја инсталирал заразната игра. За да ги собере сите 142, морал да улови 4,629 Покемони.