Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Медведев брка покемони на состанок, погледот на Путин го замолкна

Видео: Медведев брка покемони на состанок, погледот на Путин го замолкна

Премиерот на Русија познат по опсесијата со интернет и гаџети, ги притискал копчињата на состанокот на највисокиот државен врв на Русија и случајно пуштил музика од Покемон.

На состанокот присуствувале претседателот Владимир Путин, Валентина Матвијенко, претседателка на Советот на федерацијата од долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Иванов, кој до пред некој ден беше шеф на кабинетот на Путин како и други функционери. Судејќи по тоа дека со нив на маса бил и славниот режисер Никита Михалков, состанокот веројатно бил посветен на културата.

Медведев играјќи си со копчињата додека некој говорел, одеднаш ја вклучил музиката од Покемон и тоа прилично гласно. Изразите на лицата на неговите соработници се непроценливи, а највпечатлив е погледот кој му го упати Путин. Покемони има секаде, па дури и во конференциска сала. Премиерот не можеше да одолее.