Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОтпуштени работниците кои штрајкуваа од грчки Актор зошто дале изјави за телевизија

Отпуштени работниците кои штрајкуваа од грчки Актор зошто дале изјави за телевизија

Продолжуваат скандалите со грчката фирма Актор која ја гради делницата Демир Капија – Смоквица. Работниците кои пред две недели штрајкуваа за неисплатени плати добија откази затоа што се појавиле на телевизија. Тогаш незадоволните работници зборуваа за 24 вести и меѓудругото обвинија дека грчките работници земаат плата во плико. Отпуштениот работник, Констанин Ристов за Позитив.мк вели дека сега се отпуштени сите што биле забележани на камера, а први биле отпуштени оние кои дале изјави.

Demir Kapija Smokvica 1

Ристов вели дека потпишувале анекс на договорот за вработување секој месец, а по штрајкот воопшто не добиле нов договор. Според него, делницата Демир Капија Смоквица ќе биде довршена со грчките работници, како и со работници кои ќе прифатат да работат за многу помала плата. Позитив.мк се обиде, но не успеа да стапи во контакт со некој од раководството на Актор.

Demir Kapija Smokvica

Грчката фирма Актор ја следат бројни контроверзии. Првиот скандал изби уште за тендерската постапка, за која опозицијата обвини дека не е најдобра понуда. Подоцна СДСМ ја обелодени аферата за изнесување 3,5 милиони евра во кеш. Според нивните тогашни тврдења, во неготинска банка имало навалница од луѓе кои ги ваделе парите префрлени од Актор.

Demir Kapija Smokvica 3

Грчките медиуми пак, го пренесуваа извештајот на ОЕЦД во кој се вели дека градежната компанија дала поткуп на официјални претставници од Македонија за да го добие договорот. Случајот го испитува и јавното обвинителство за гонење организиран криминал, како и Европската канцеларија за истраги на измами со европските пари, ОЛАФ. Делницата Демир Капија – Смоквица, се гради со пари на европски финансиери, а чини околу 280 милиони евра.