Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОткриени виновниците за труењето во „Арсени Јовков“

Откриени виновниците за труењето во „Арсени Јовков“

Откриени се лицата кои го извршија нападот со спреј во средното учичиште „Арсени Јовков“ и МВР против нив ќе поднесе кривични пријави за предизвикување на општа опасност, јавува Алсат.

Кривична ќе добие дваесетгодишно момче кое го донело спрејот во училиштето, 16 годишен ученик од „Арсени Јовков“, како и уште еден 17-годишен малолетник. Инцидентот во училиштето се случи пред два дена, кога повеќе ученици и еден професор завршија на клиниката за токсикологија со симптоми на кашлање и солзење на очите. Мотивот за нападот се уште не е познат.